Во понеделникот околу 19 часот на подрачјето на скопската општина Сарај од полициски службеници биле приведени две малолетнички, затоа што кај нив бил пронајден нож, со што сториле прекршок од Законот за оружје.
Со нив бил извршен разговор во присуство на родители и по целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.