
47-годишниот М.М. од гостиварска Топлица вчера во 22:20 часот во СВР Тетово пријавил дека неговиот малолетен син и негов другар околу 18 часот на спортско игралиште во гостиварската населба Малеарди биле физички нападнати од 5 малолетници од Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Според пријавеното, тие во нападот користеле и метални и дрвени предмети.
Лицата се идентификувани и денеска се повикани во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот, по што против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.