По преземените мерки и активности од ПС Струга било констатирано дека околу 21.00 часот на ливада на влезот во с.Мислодежда, струшко, при меѓусебна расправија на група на малолетни лица, тринаесетгодишник од с.Поум, струшко, му нанел убодна рана на шеснаесетгодишник од с.Мислодежда.
Од тринаесетгодишниот малолетник со потврда било одземено џебно ноже за понатамошна постапка.
По целосно комплетирање и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.