Малолетник прегзи и усмрти млад пешак, па избега од местото

Пешак загина вчера во Чаир откако на него налета малолетник со „шкода октавија“.

Несреќата се случила вчера околу 15.30 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, пред крстосницата со ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје.

Како што соопштија од МВР, патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Скопје, удрило во пешак С.С.(38) од Скопје. Пешакот починал на местото на незгодата, а возачот го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.