Три лица се повредени, меѓу кои и малолетен возач, во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на крстосницата од бул.„Босна и Херцеговина“ и ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје.
МВР информира дека во несреќата учествувале „Ауди а4“, управувано од А.Т.(22) од Скопје и „пежо 107“, управувано од малолетник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле возачот А.Т. и сопатник од истото возило, З.А.(22) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.