Македонската асоцијација на новинари (МАН) му го честита изборот на Младен Чадиковски за претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
Од МАН изразуваат надеж дека со новото раководство ЗНМ ќе се фокусира на вистински реформи во медиумската сфера, заштита на новинарите од притисоци и подигнување на новинарските стандарди во работењето, што досега не беше случај. Како што се наведува, затоа МАН го поканува на средба новоизбраното раководство на ЗНМ на која ќе се разговара за прашања од заеднички интерес.
Од асоцијацијата изразуваат, како што се посочува, жалење што секое изборно Собрание на ЗНМ минува со интерни обвинувања за забрани, за притисоци, скандали, за сомнителни пребројувања и сомнителни резултати.