МАН изразува сочувство до Република Турција и пријателскиот турски народ за катастрофалната трагедија која се случи од ударот на силниот земјотрес од 7.9 степени по Рихтеровата скала во која животот го загубија најмалку 1900 луѓе, а над 6.000 лица се повредени.
– Изразуваме сочувство до семејствата на настраданите и поддршка на спасувачките екипи во овие тешки моменти за Република Туркије.
Истовремено, најавуваме дека МАН и Канал 5 ТВ, веќе организираме серија хумантирани активности за помош на преживеаните од катастрофалниот земјотрес, велат тие.
Во таа насока, МАН ги повикува своите членови и медиуми да ги објавуваат на видни места и во ударни термини сите вести поврзани со укажување материјална и нематеријална помош за преживеаните во земјотресот.
1.Најпрво, ве известуваме дека во тек е отворање сметки за донации во Халк банка на кои од утре ќе можете да уплатите финансиски средства за помош на преживеаните и семејствата на настраданите, а бројот на сметките дополнително ќе го објавиме.
2.Воедно, од утре е отворен склад за материјални донации во дворот на поранешен Охис, на улица Борис Трајковски 75Б, (лице за контакт: Ѓуре: 071242170)
каде граѓаните и компаниите можат да донесат она што им е најпотребно на погодените во земјотресот:
– вода
– храна
– конзервирана храна
– млечни производи
– лекови
– топла облека
– ќебиња
– осветлување
– средства за лична хигиена
– батерии
– пелени
– бебешка храна
– горна и долна облека
– обувки
– екстерни батерии
– свеќи
Складот за материјални донации ќе биде отворен утре и во среда, а потоа донациите ќе бидат транспортирани во местата во Туркије каде е најпотребна.
3.Под покровителство на К5 ТВ ќе се одржи Телетон конференција на која сите граѓани ќе можат со свои јавувања за донираат финансиска помош на преживеаните во земјотресот и семејствата на настраданите. Телетон конференцијата ќе се одржи во недела на Канал 5 ТВ, а со јавување на телефоните кои ќе бидат на екраните, ќе донирате финансиска помош на преживеаните во катастрофалниот земјотрес во Турција.
МАН и Канал 5 ги повикуваме сите јавни личности и општествено одговорни лица кои сакаат да учествуваат во Телетонот да се јават на следните емаилови:
или нека направат личен контакт со официјалните лица на МАН и Канал 5.
Република Турција и турскиот народ се големи пријатели на Македонија и македонскиот народ и во овие тешки моменти, ние сме со нив.