Македонската асоција на новинари – МАН, протeстира против настапите на СДСМ во јавноста во кои се пласираат неосновани напади и квалификации против новинарите, со цел истото да се користи за нивните днвно политички потреби.
„СДСМ на прес конференција, ја нападна уредничката на „Вечер“, и новинарка на „Сител“, Ивона Талевска само од една причина, зошто нејзината мајка била партнер во странска форма која се занимава со медицинска опрема и ја пласира истата во Македонија според услови предвидени со закон, не наведувајќи ниту едно незаконско дејствие кое произлегува од тој процес. Притоа, дадени се низа квалификации од партиско – политичка перспектива за потреби на СДСМ – со кои се прави јасен обид да се влијае штетно на угледот на новинарот за кој станува збор. Ден потоа, СДСМ на прес конференција излегува со наредба до МРТВ да се објавуваат нивните прес – конференции, без оглед дали тие имаат, или немаат содржина која претставува јавен интерес“, се вели во реакцијата од МАН.
Никој нема право, сметаат во МАН, да ограничува членови на семeјство на новинарите со што ќе се занимаваат, особено кога е тоа согласно законот.
„Никој, а сосбено не СДСМ, нема право да наредува дали и ако некоја редакција ќе ги пренесува нивните прес- конференции, особено кога истите се одржуваат со свесна намера да се влијае и дисквалификува новинар. Сметаме дека последните настапи на СДСМ се обид да се дефокусира јавноста од фактот дека тие немаат аргументи да се борат против нивните партиски противници, па предизвикуваат внимание создавајќи конфликт со новинарите“, се вели во реакцијата од Македонската асоцијација на новинари.
Патем, велат од МАН, ако се заинтерсирани за новинарството, ги упатуваме на последните делења дипломатски пари, овојпат преку холандската амбасада и нивната фондација „Сорос“, во која повторно се делат милион евра дипломатски и соросовски пари за новинари блиски до таа партија, до СДСМ, за проекти кои реално не ни постојат, а треба да бидат финансиски надомест на новинари кои одработуваат за СДСМ.