Манчестер Јунајтед ќе плати 80 милиони фунти за Мегваер

Англискиот репрезентативец Хари Мегваер за сума од 80 милиони фунти ќе премине во Манчестер Јунајтед, а со тоа ќе го собори рекордот за најскапо платен одбранбен фудбалер, пренесуваат медиумите на Островото.

Со трансферот Хари Мегваер ќе го собори рекордот на Вирџил ван Дајк кој во Ливерпул пристигна за сума од 75 милиони фунти.

Meгваер ќе биде третото летно засилување за „црвените-ѓаволи“ откако претходно на „Олд трафорд“ дојдоа Арон ван Бисака и Даниел Џејмс.