Манчестер Јунајтед сè уште ја чека конечната одлука на Давид Де Хеа за продолжување на договорот (до јуни 2019 година). Ако пак, Шпанецот не сака да стави потпис на нов договор, клубот ќе мора да го активира својот план „Б“.
Последното име поврзано со евентуалниот наследник на Де Хеа е младиот Бразилец Габриел Бразао. Станува збор за 19-годишен голман, кој во моментов има извонредни настапи во бразилскиот Крузиро.
Момчето беше повикано и во националниот тим на земјата како заменик на Касио (третиот голман од Мундијалот во Русија).
Се очекува Бразио да ги следи неговите сонародници Алисон (Ливерпул) и Едерсон (Манчестер Сити) во Премиер Лигата.