„Манчестер Сити“ го освои англискиот Суперкуп

Фудбалерите на „Манчестер Сити“, актуелен шампион на Англија, го освоија Суперкупот на Англија откако го победија „Челзи“ со 2:0 на отворањето на новата сезона на „Вембли“. Најзаслужен за освојување на славниот трофеј „Комјунити шилд“ беше двојниот стрелец, Аргентинецот Серхио Агуеро. Тој погоди во 13 и 58 минута што беше доволно за победа на „граѓаните“.

Двете екипи мечот не го почнаа во најсилните состави, но во текот на натпреварот на теренот истрчаа речиси најголем дел од ѕвездите на „Сити“ и „Челзи“.

Новиот тренер на лондонските „сини“, Сари му даде шанса на новајлијата Жоргињо и на 17-годишниот Хадсон во старниот тим, а Вилиан остана на клупата. Неговиот колега Гвардиола почна со Марез и Агуеро во нападот и младиот Фоден како организатор.

На Гвардиола сега му недостига само уште ФА Купот за да го ги освои сите англиски фудбалски трофеи.