Фудбалерите на Манчестер Сити продолжуваат со големи чекори кон шампионската титула откао во средбата од 17-то коло на англиската Премиершип на гостувањето го совладаа Совнси Сити со 4:0, постигнувајќи ја 15-та последователна победа.
Головите за „Граѓаните“ ги постигнаа Давид Силва во 27 и 52 минута, Кевин де Брујне во 34 и Серхио Ауеро во 85 минута.
Ливерпул и во вториот натпревар со ред на својот „Енфилд“ не успеа да слави. По 1:1 против Евертон минатото коло „Редси“ одиграа разочарувачки 0:0 со Вест Бромвич Албион. Ливерпул осум кола по ред е бе пораз, но притоа и трипати ремизираше.
Вез голови заврши и средбата меѓу Вест Хем и Арсенал. „Топчиите“ беа подобри, имаа низа шанси, но во последните моменти од мечот можеа да останат и без еден бод, откако Хавиер Ернандез ја погоди стативата.
Манчестер Јунајтед со голот на Ромел Лукако во 25 минута го скрши отпорот на Борнмут.
Евертон на гостувањето го совлада Њукасл Јунајтед со 1:0, а решавачкиот гол го постигна Вејн Руни во 27 минута.
На табелата води Манчестер Сити со 49 бодови, Манчестер Јунајтед има 38 бодови, а Челзи 35 бодови. Следат Тотенхем, Ливерпул и Барнли, сите со по 31 бод, а зад нив е Арсенал со 30 бодови.