Лондонскиот премиерлигаш Арсенал, ќе биде противник на актуелниот бранител на тронот, Баерн (М) во 1/8 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
Уште поголемо внимание ќе привлече дуелот помеѓу најбогатиот клуб на Островот, Манчестер Сити и каталонскиот гигант Барселона.
Шампионот на Турција, тимот на Галатасарај ќе се обиде да го изненади лондонскиот премиерлигаш Челзи, а актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед важи за апсолутен фаворит во дуелот со претставникот на Грција, тимот на Олимпијакос.
Првите натпревари ќе се одиграат на 18, 19, 25, 26 феруари, а реванш дуелите се закажани за 11, 12, 18, 19 март.
Двојки за 1/8 финале: Манчестер С. – Барселона, Олимпијакос – Манчестер Ј., Милан – Атлетико М., Леверкузен – ПСЖ, Галатасарај – Челзи, Шалке – Реал (М), Зенит – Борусија Д., Арсенал – Баерн (М).