Манчестер Сити во четврфиналето на Лига купот

Фудбалерите на актуелниот англиски шампион Манчестер Сити се пласираа во четвртфиналето од Лига купот откако пред своите навивачи го совладаа Фулам лесни 2:0.

Бранителот на титулата и во Лига купот лесно се пласираше меѓу осумте најдобри екипи во ова англиско натпреварување, благодарејќи на головите на 19-годишниот Шпанец Браим Диаз во 18 и во 65 минута. Сити во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од одложениот дуел меѓу Лестер и Саутемптон, кој ќе се игра дури на 27-ми ноември.

Трернерот на Сити, Пеп Гвардиола, во четвртокот направи дури десет измени во екипата во споредба со натпреварот со Тотенхем во понеделникот. Единствена лоша вест за „Граѓаните“ од денешниот меч е потешката повреда на коленото на Кевин де Брујне, истото колено поради коешто веќе паузираше неколку седмици.

 

Резултати:

Борнмут – Норвич (2 лига) 2-1

Бартон (3) – Нотингем Форест (2) 3-2

Арсенал – Блекпул (3) 2-1

Вест Хем – Тотенхем 1-3

Челзи – Дерби Каунти (2) 3-2

Мидлсбро (2) – Кристал Палас 1-0

Манчестер Сити – Фулам 2-0

Лестер – Саутемптон одложено.