
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ванковер Манчев од Собраниската говорница посочи дека ниту еден од 20-те амандмани на опозицијата од областа на здравството не е прифатен ниту пак вметнат во новиот буџет.
Имено во моментот е актуелна епидемијата на морбили во државата, која е резултат на недоволната вакцинација на децата, пратеникот го напомена буџетот наменет токму за оваа намена. Манчев напомена дека за наредната година не е зголемен буџетот за вакцинација, а наброја и неколку вакцини кои пациентите на јавното здравство ќе треба од свој џеб да ги плаќаат.
Само да напоменам имавме предложено со колеги 20 амандмани од областа на здравството, ниту еден не е вметнат во новиот буџет. Ќе напоменам дел од нив. Еве зборевте дека се покачил буџетот за вакцинации. Еве пред јавноста сега кажете дали во 2019-та година бесплатно ќе има вакцинација за грип кај пензионерите. Или дали ќе биде бесплатна вакцинацијата против рота и стрептокока вирус кај децата? Бидејќи нели зборувате дека е покачен буџетот за имунизација, тоа би значело дека таа вакцина ќе биде бесплатна не како досега да ја плаќаме, вели пратеникот.