Фудбалерите на Манчестер Сити четврта сезона со ред триумфираше во англискиот Лига куп, откако во неделата во финалето одиграно на лондонски „Вембли“ го совладаа Тотенхем со 1:0.
Победничкиот погодок за новиот трофеј на „Граѓаните“ го постигна Емерик Лапорт во 82 минута, кога беше највисок во скокот во шеснаесетникот на Тотенхем по нафрлувањето на Кевин де Брујно.
За Манчестер Сити ова е шестата победа во Лига купот во последните осум сезони или вкупно осми, со што се израмни со Ливерпул, со најмногу триумфи во ова натпреварување.
Тотенхем остана на четири освоени Луга купа, последниот во 2008 година, и тоа беше воедно и последниот трофеј за овој клуб во сите натпреварувања.