Манчестер Сити нема испратено понуда за Чави Хернандез

Сензационалната информација пласирана од англиските медиуми дека најбогатиот клуб на Островот, Манчестер Сити има испратено официјална понуда за легендарниот фудбалер на каталонскиот гигант Барселона, Жави Хернандез, експресно е демантирана од агентот на репрезентативецот на Шпанија.

„До овој момент, ние не сме добиле официјална понуда од некој друг клуб. Новинарите се најзаслужни за сите неточни информации, а единствена точна информација е таа дека не сме контактирани од ниту еден клуб. Кој не би го посакал Чави во своите редови? Денес прочитав дека го сакаат челниците на Њујорк Ред Бул, утре можеби тие на Торонто, а англиските медиуми пишуваат дека е желба на Манчестер Сити. Јас знам дека овие информации се последица од последната изјава на Чави дека е можно да не се пензиониора како фудбалер на Барселона, но сите заборавија дека Чави има 2-годишен договор со Барса и дека ќе остане на ’Ноу Камп“”, изјави агентот на искусниот играч за врска.