Стратегот на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини не криеше дека е крајно разочаран по исходот од вечерашниот натпревар на „Енцо Барбера“ во кој Македонија ја победи фаворизираната Италија и се пласираше во финалето од бараж средбите за пласман на Мундијалот во Катар.
Многумина ја гледаа репрезентацијата на Италија како сигурен патник во финалниот натпревар од бараж средбите, но избраниците на Благоја Милевски се погрижија тоа да не се случи, па јасно беше разочарувањето кај домаќините.
– Како што Европското првенство беше најпрекрасното искуство во мојот живот, ова беше моето најголемо разочарување. Не можеме да кажеме ништо, таков е фудбалот. Понекогаш неверојатни работи се случуваат, а тоа се случи вечерва.
– Не ни требаше да бидеме овде, но откако дојдовме сторивме се што е во наша моќ да победиме, па сега е многу тешко да зборувам за тоа, -изјави разочараниот Манчини.