Мандела ќе биде погребан со традиционални ритуали на племето Коса

Традиционални ритуали како колење на вол, замотување на покојниот во  леопардова кожа,  и обраќање на постар член од семејството  до душата на починатиот  ќе бидат изведени утре за време на погребот на Нелсон Мандела.  Овие ритуали од традицијата на племето Коса, во кое припаѓа кланот на Мандела, Темба.

Погребот во селото Куну на североистокот на земјата, каде Мандела го минал детството, ќе биде мешавина од традиционални ритуали, христијански елементи и државни почести, пренесува AP.

Според обичаите, телото на починатиот мора една вечер да остане во домот на семејството.

Во недела, член на семејството ќе му се обрати со зборовите „Мадиба, сега те погребуваме”.

Починатиот мора да биде замотан во специјална ткаенина, а кога станува збор за човек од рангот на Мандела, телото мора да биде замотано со леопардова кожа.