Поранешниот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела, зад себе оставил имот вреден нешто повеќе од четири милиони долари, стои во тестаментот кој што е отворен денеска.
Како што соопштил извршителот на тестаментот, Дикганг Мосенек, тестаментот е напишан на 40 страници.
Мандела дел од имотот го препишал за школување на деца од неговото родно место. Исто така, дел од имотот ќе добијат и членовите на неговото семејство како и личниот персонал.
Тестаментот бил прочитан во Јоханесбург во Фондацијата на Нелсон Мандела.
Тој почина во декември минатата година.