Главниот дел од големата меѓународната воена вежба „Студен одговор“ (Cold Response 2022) со учество на бројни членки на НАТО започна во Норвешка во екот на руско-украинската војна, во земја којашто граничи со Русија којашто и пред актуелниот судир предупредуваше дека континуираните воени вежби на Алијансата на нејзините граници ги поткопува безбедноста и стабилноста во Европа.
Во текот на маневрите која се подготувале со месеци а ќе траат до 1-ви април, главните активности оваа седмица ќе се одвиваат на море и во воздух. Објавени се фотографии на британскиот амфибиски воен брод „HMS Albion“, кој е еден од многуте бродови на НАТО кои се групираат во Северното Море.
„Студен одговор“ се одржува на секои две години во зимски услови во некоја од Норвешка, од каде потекнува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Оваа вежба е поврзана со „Брилијантен скок“ која ја организира НАТО:
Според податоците од Норвешка, во вежбите учествуваат 30.000 војници од 27 држави членки на НАТО и партнерски земји Финска и Шведска. Покрај тоа ќе бидат ангажирани околу 220 авиони и повеќе од 50 воени пловила.
Од Осло повеќепати истакнуваа дека „Студен одговор“ не е реакција на руската офанзива во Украина, туку долго планирано увежбување на заедничката одбрана. Русија била поканета како набљудувач, но го одбила повикот, се додава.