Маневски: Мандатот на СЈО за поведување постапки и за поднесување обвиненија заврши

Мандатот на Специјалното обвинителство за поведување постапки, спроведување истрага и за поднесување обвиненија му заврши на 31 јули 2017 година, нагласува поранешниот министер за правда Михајло Маневски во Отвореното студио на Тв Нова. Тој е дециден дека имаше рок од 18 месеци од приемот на предметите да се покренува постапка и дека после тој рок нема мандат.

-Кога ќе им го постават ова прашање на обвинителките тие говорат дека ова прашање ќе се реши. Како ќе се реши, што ќе направат со материјалите за новите случаи кога не можат да поднесат обвинение.Тоа обвинителство еклатантно го крши и уставот и законот. И специјалната обвинителка и тие што и даваат наредби за претреси ја злоупотребуваат службенатата положба-вели Маневски.