Лос Анџелес Галакси не победи на втор меч во низа и одново одигра 2:2 во МЛС лигата, а главен виновник за тоа е искусниот Чичарито Ернандез кој се изглупира во 97-та минута.
Мексиканецот се најде во центарот на вниманието и пред неколку дена со својата срамна глума против Торонто, но сега се најде во фокусот поради катастрофалниот пенал.
Чичарито постигна два гола против Канзас, но кога требаше да го реши победникот, се реши за еден ризичен потег и изведе една од најлошите „паненки“ во историјата.
Капитенот на Лос Анџелес му ја подаде топката на противничкиот голман, а ударот беше крајно лош, бидејќи немаше ниту висина, а ниту острина.
Наместо да комплетира хет-трик и да му донесе победа на својот тим, Чичарито ја прокоцка големата шанса на овој начин и неговиот пенал брзо стана вирален хит во Америка.
https://twitter.com/brfootball/status/1566609404719398912?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1566609404719398912%7Ctwgr%5E8f984d7d50b23ee60761cad8f72e2a154ec4b735%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Fchicharito-se-obide-mangupski-da-izvede-penal-vo-97-minuta-i-se-posramoti-video%2F