Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ц.М.(61) од с.Црнобуки, битолско, поради основано на сомнение дека сторил кривично дело по чл. 190 од Кривичниот законик.
Тој се сомничи дека на 11.04.2023 се самозадоволувал на јавно место во селото, пред малолетни лица.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор.