Во вторникот одредени медиуми блиски на актуелната власт и финансирани од таканаречените невладини институции, повторно свесно објавија непоткрепени информации со цел да ја изманипулираа јавноста. Меѓу другото, беше објавено дека Сашо Мијалков, поранешниот директор на Управата за безбедност и контрараузанавање не се појавувал пред Специјалното јавно обвинителство, иако вистината е сосема спротивна.
Медиумите кои ги објавија ваквите информации се повикуваа на неформален брифинг во СЈО во кој не контруирани неколку медиумски шпекулации во очекување на завршувањето на функционирањето на оваа инстуција.
Меѓутоа, според она што можеше да се види во минатата, Мијалков досега се одзивал на сите покани од СЈО за сослушување и давање на изјави. Во случаи, пак, кога поради одредени патувања бил надвор од државата, доставувал уредно известување иако за тоа немал законска обврска. Истиот случај е и кога станува збор за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
На истиот брифинг со строго селектираните медиуми, СЈО уште еднаш ги потврди обвинувањата дека дејствива како инструмент на СДСМ. Од таму најавија дека до крајот на седмицата, кога истекува рокот на ова обвинителство, ќе активираат нови обвиненија. Со право, јавноста се прашува со која цел е овој најнов обид за дефокусирање на македонската јавнос.
По катастрофалните по македонските национални интереси резултати од посетите на премиерот Заев на Атина и на Софија, со право јавноста страува дека станува збор за дефокусација пред посетата на медијаторот Метју Нимиц и разговорите на новата влада предводена од СДСМ и Зоран Заев за промена на името.
Имено, специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц во недела и во понеделник во Скопје ќе се сретне со владини претставници за спорот за името. Од Скопје, Нимиц ќе отпатува во Атина, а неодамна во интервју за грчки весник, изјави дека решавањето на проблемот со името треба да е високо на агендата на новата македонска влада. Којашто, инаку ветила дека ќе го реши многу брзо, за да ги исполни очекувањата на силите кои ја поставија.
Така, според веќе видената стратегија на СДСМ ќе се повика на помош од СЈО, да се нарачаат и конструираат истраги и обвиненија за да ја дефокусираат јавноста со нови спектакуларни прес-конфренции.