Кинез кој бил грабнат пред повеќе од триесет години ја пронашол својата биолошка мајка, откако по сеќавање ја нацртал картата на своето родно село.
Ли Џингвеи имал само четири години кога на измама бил одведен од неговиот дом и продаден на криумчари на деца.
На 24-ти декември споделил рачно нацртана мапа на неговото родно село на апликацијата за споделување видое-снимки Douyin, а полицијата утврдила за кое село станува збор и ја пронашла жената чиј син исчезнал. По ДНК тестирањето во саботата повторно се сретнале по три децении во покраината Јунан.
„Триесет итри години чекање, неброени ноќи чезнеења и, на крајот, мапа нацртана по сеќавање, ова е момент на целосно ослободување по 13 дена. Им благодарам на сите кои помогнаа повторно да го пронајдам своето семејство“, напиша Ли на својот Douyin профил пред средбата.
Ли бил киднапиран во близина на југозападниот град Жаотонг во провинцијата Јунан во 1989 година, а потоа продаден на семејство кое живеело на оддалеченост од повеќе од 1.800 километри.
Во јули 2021 година светската јавност беше до солзи трогнат од емотивната средба на Гуо Гантанг и неговата сопруга Жанг Венге кои 24 години преживувале вистинска трагедија откако им го грабнале тогаш двогодишниотсин. Во 1997 година на сега 51-годишниот Гуо во источната покраина Шандонг му го киднапирале синот, а тој целиот тој период следните две ипол децении го посветил на враќање на своето дете. Патувал по цела Кина со мотоцикл на кој било истакнато знаме со последната фотографина на синот, а во торбата имал само летоци кои ги истакнувал насекаде.
За таа цел во 2012 година Гуо покренал веб-страница а две години подоцна и хуманитарна организација за помош на другите родитело на киднапираните деца. Неговата потрага по синот во 2015-та била инспирација за филмот „Lost and Love“ во кој се појавува хонконшката ѕвезда Енди Лау.
И по 24 години се случило чудото. Полицијата во јуни 2021 година во централната кинеска покраина Хенан го пронашла лицето кое одговара на описот и по проверката на ДНК тестот е веродостојно е утврдено дека станува збор за синот на Гуо, кој сега има 26 години и станал во меѓувреме станал учител.
Како што објави кинеската полиција, Гуо Ксинжен, тогаш дво иполгодишен, бил грабнат од жена и нејзиниот партнер кои го одвеле во северозападната провинцијата Хебеи, која го опкружува главниот град Пекинг. Оттаму бил продаден на брачна двојка во централна Кина.
Грабнувањето деца не се реткост во Кина, општество каде силно се ценеше раѓањето на син. Голем број деца се грабнуваат додека се мала и се продаваат на други семејства. Според една процена од 2015 година, се претпоставува дека секоја година се грабнуваат речиси 20.000 деца. За вакви дела во Кина е можна е и смртна казна.