Марез за 80 милиони евра во Манчестер Сити

Алжирскиот фудбалер Ријад Марез конечно ќе го напушти Лестер и за сума од 80 милиони евра ќе се пресели Манчестер Сити, објавено е во вторникот.

Како што се наведува, Лестер ја прифати понудата од 20 милиони повеќе од онаа на која беше одбиена зимата и поради што Марез одбиваше да тренира.

Алжирецот заедно со Џејми Варди се најзаслужните за освојувањето на шампионскиот трофеј во Премиер лигата пред две години, и сега конечно ќе бара предизвик во големиот клуб.

Пред Лестер, тој играше за француските клубови Кимпер и Авр, додека играше за репрезентацијата одигра 39 натпревари и постигна осум гола.