Маричиќ: Ќе се ревидираат судските процеси од висок профил на корупција и организиран криминал

Сѐ уште се  прецизира механизмот за ревизија на судските процеси, но сметам дека први на тапет треба да бидат случаите кои се од висок профил на корупција и организиран криминал, изјави  министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата Анализа на ТВ 24.

Тој не ја  исклучува потребата  под контрола да се најдат и случаите или пресудите кои ги суделе судиите кои беа нотирани во извештајот на Стејт департментот.

Маричиќ рече дека е време судиите да судат според законите.

Можеби ќе ве интересира

Во однос на реформите, Маричиќ истакна дека сака реформите да бидат правени во соработка со опозицијата.

– Да кроиме политика во интерес на граѓаните. Опозицијата имала и ќе има подадена рака од власта – рече Маричиќ.

Според него довербата во судствот е доверба во системот и дека власта има предуслови да ја качи еден степен погоре таа доверба.