![gordana siljanovska davkova](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/gordana-siljanovska-davkova-2.jpg?resize=660%2C472&ssl=1)
-Се израдував и дека можеби 15 студенти регистрирале 15 патенти, потпомогнати од Владата или дека 15 земјоделци засадиле 15 нови лозја, изградиле 15 хипермодерни стакленици за патлиџани со највисока технологија или создале 15 нови сточни стада со нови раси. Си велам, да не 15 ученици или студенти од Македонија победиле на 15 светски натпревари по математика, физика, роботика, астрономија? Или, пак, 15 спортисти зеле златни медали на првенства и направиле 15-милионски трансфери во клучните светски клубови? Или 15 млади македонски писатели и поети завршиле на кусите листи за 15 клучни светски литературни награди? Но, не била за тоа објавата…, потенцира Силјановска и додава:
„Замислете, почитувани граѓани, нашиот премиер, сред кампања нашол време да објави кои 15 компании добиле лиценца за производство на марихуана. На што се сведе нашава Македонија? Наместо да објавуваме важни вести за развој на индустријата, за поддршка на старт-ап бизниси, за воскреснување и вознес на македонската култура, иновативност, спорт и уметност, ние имаме премиер за кого важна вест и досега единствен економски проект во двегодишното работење е давањето лиценца за производство на марихуана!“.