![Marquardt_Macedonia „Маркарт“ во Велес почнува со работа](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/Marquardt_Macedonia.jpg?resize=534%2C260&ssl=1)
Фабриката за автомобилски делови, „Маркарт“ започнува со производство.
Фабриката е изградена во индустриската зона „Караслари“ во Велес, и според најавите се планира да се вработат околу 600 лица.
„Маркарт“ е првата поголема странска инвестиција во Велес, која тежи 35 милиони евра.
Македонија е 11-та земја во која се шири бизнисот на семејството „Маркарт“. Со годишен обрт од 700 милиони евра, компанијата која има фабрики во 13 земји спаѓа во групата на брзо- растечки.