Раководните лица на каталонскиот гигант Барселона се на само еден чекор од реализација на веќе најавениот трансфер на бразилскиот интернационалец од редовите на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Маркињос.
Шпанските медиуми потврдија дека песелбата на 20-годишниот дефанзивец на “Ноу Камп” ќе биде комплетирана откако двата клуба ќе најдат заеднички јазик околу обештетувањето.
За разлика од челниците на францускиот клуб, кои побараа околу 35 мил. евра за обештетувањето на Маркињос, раководните лица на каталонскиот гигант се подготвени да одвојат околу 20 мил. евра за обештетувањето, но и во обратната насока да го испратат репрезентативецот на Бразил, Дани Алвеш.
Офанзивниот бек на Барселона има договор до 30 јуни 2015 година, но во последната година од договор Алвеш ќе има рекордна плата од 10 мил. евра.