![blagoj markovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/blagoj-markovski.jpg?resize=633%2C390&ssl=1)
Мислам дека кулминацијата е постигната и на глобален, регионален план и локален план и истите ќе донесат одредени резултати посебно јас надежи давам на средбата меѓу Путин и Ердоган затоа што како главни играчи ќе бидат и најзасегнати, но и ќе донесат определени мерки, ова вечерва во „Топ Тема“ на телевизија Телма го истакна експерот по безбедносни прашање, Благоја Марковски.
Што се однесува до територијата на нашата земја мислам дека ние имаме добри ускуства од бегалксата криза во 2015 година и добро е што кризната состојба на јужната граница е актуелна и што значи дека може да се ангажираат сите оние потребни структури кои се предвидени во рамките на кризниот менаџмент, но и на другите органи не само на армијата и полицијата и мислам дека во овој момент на Македонија и е потребно што повеќе да разменува информации, односно да добива за случувањата и на далечниот и блискиот исток, но истовремено и на мерките кои што ЕУ ќе ги преземе со овие свои активности за да не дојде до осамосовување кај нас, вели Марковски.
Додаде дека кога се работи за вакви работи во прв план се става државниот интерес.