Марсеј со голем пресврт до победа над Анже

Фудбалерите на Олимпик Марсеј во петокот вечерта стасаа до 12-та победа во 23-то коло од француското фудбалско првенство и до второто место на табалата откако на својот терен го совладаа Анже со 5:2, иако по само 11 минути играа беа во негатива од 0:2.

Главен играч на натпреварот беше полскиот репрезентативец Акрадиум Милик, кој прво го намали заостанувањето во 18 минута, свонот втор погодок го постигна во 70 минута за водство 3:2, а осум минути подоцна погоди и за 4:2. Во меѓувреме Жерсон израмни во 21 минута а во 85-та конечниот резултат го постави Ченгиз Ундер.

Анже поведе преку Анжело Фулгини во 8 и водството го удвои во 11 минута Набил Бенталеб.

Марсеј, кој мора да одигра и заостанат натпревар со Лион, ја остинса Ница од второт место на табелата со 43 наспроти 42 бодови, додека водечкиот Пари Сен Жермен има 53 бодови. Анже моментално е 12-ти со 29 бодови, и евеантуално по завршувањето на колото може да назадува за една позиција.