Марсеј со гостинска победа кај Стразбур

Во првиот дуел од десеттото коло на француското фудбалско првенство, Олимпик Марсеј минимално со 1:0 славеше на гостувањето кај Стразбур.

Решавачкиот погодок на натпреварот го постигна Морган Сансон во 72 минута со силен удар од работ на шеснаесетникот на домашниот тим.

За Марсеј ова беше третата победа во низа со што дојде до 18 бодови и привремено до четвртото место на табелата, а зад водечкиот ПСЖ заостанува само три бода, и евентуално по крајот на колот може да падне до петтото место. Стразбур, пак, е претпоследен 19-ти со шест бодови.

Во сабота се играат само два натпревара: Бордо – Монпелје во 17 часот и ПСЖ – Рен во 21 часот.

Неделната програма ја отвораат во 13 часот Брест и Лил, а од 15 часот се играат четири натпревари: Ленс – Ремс, Лориен – Нант, Мец – Дижон и Ним – Анже. Во 17 часот започнува мечот Ница – Монако, а во 21 часот дуелот Лион – Сен Етјен.