Кошаркарите на МЗТ Скопје лесно дојдоа до првиот поен во финалето од домашното првенство против Работнички со што ја оправдаа фаворитската улога за одбрана на титулата. Затоа тренерот Зоран Мартич, беше задоволен од играта на своите избраници.
„Првите натпревари од ваквите финалиња секогаш носат поголем притисок врз домаќините и мислам дека тоа беше една од причините поради кои не го стартувавме мечот најдобро. Сепак, успеавме да се вратиме, второто полувреме го одигравме далеку подобро и заслужено стигнавме до посакуваниот резултат. Ме изненадиочекувањетона јавноста да победуваме на секој натпревар со двоцифрена предност. Тоа едноставно не е реално, ние можеби сме фаворити, но и Работнички исто така има квалитетен тим што е добро покриен на сите позиции”, изјави Мартич.