Актуелниот менаџер на Евертон, Роберто Мартинез јавно му даде подршка на сега веќе поранешниот предводник на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес, и додаде дека искусниот стручњак многу брзо ќе се врати во менаџерските води.
„Не станува збор за убава ситуација, а уште е полошо кога станува збор за менаџер кој има добиено отказ од еден така голем клуб каков што е Манчестер Јунајтед. Сепак, сите го знаеме Дејвид Мојес, знаеме дека веќе е подготвен за новото поглавие во неговата менаџерска кариера, подготвен е за новиот фудбалски предизвик. Станува збор за многу успешен менаџер, за менаџер кој има победнички менталитет и јас сум убеден дека ќе се врати многу послилен, отказот ќе го направи уште посилен,“ изјави шпанскиот стручњак.