Масајловски најави инфраструктурен бум во земјата

Во денешното издание на вестите на Сител телевизија во 16ч гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Владо Мисајловски. Во однос на инфраструктурниот бум кој го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г.Христијан Мицкоски, потпретседателот Мисајловски вели дека покрај ветените 150 километри експресни патишта, ќе следуваат уште многу инфраструктурни проекти.

-Инфраструктурниот бум ќе опфаќа голем дел од територијата на Република Македонија, што значи ќе се изградат нови 1000 километри магистрални и регионални патишта кои ќе бидат од корист на сите граѓани на Република Македонија кои досега немале можност или поврзување со одредено место. Главна поента на инфраструктурниот бум е поврзување на сите граѓани и олеснување во нивното секојдневно функционирање. Покрај овие магистрални и регионални патишта, Мисајловски најави дека ќе се градат и нови автопати, но дека и ќе се завршат веќе отпочнатите проекти кои датираат од времето на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се автопатот Кичево – Охрид. Императив на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде и градење автопат кој ќе поврзува Скопје – Велес – Прилеп – Битола, кој ќе биде најбрзиот автопат со кој за час и половина ќе се стигнува од Скопје до Битола. ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и сега ќе биде на служба на граѓаните, односно ќе работи на остварување на потребите на граѓаните. Следуваат уште многу проекти и важни работи кои ќе бидат од корист на граѓаните, меѓу кои и овој инфраструктурен бум кој во секаква смисла ќе ја поврзе државата од сите делови, односно сите градови, заврши Мисајловски.