Масакр во Калифорнија: Убил пет лица, вклучувајќи ја и неговата сопруга, а потоа си пукал во градите

Еден маж од Бејкерсфилд, Јужна Калифорнија убил пет лица пред да си пресуди себеси.

Шерифот на округот Керн, Дони Јонгблад, изјавил дека мажот влегол во просториите на компанија која се занимава со превоз и таму убил едно лице. Потоа се појавила неговата сопруга која исто така ја застрелал.

Третата жртва бил маж кој случајно се нашол на местото и кој поради работа дошол во просториите на компанијата. Убиецот потоа отишол во една куќа, влегол во кавга со две лица и пукал во нив.

По ваквиот инцидент, мажот украл автомобил во кој се наоѓале непозната жена и дете, но за среќа тие успеале да побегнат од канџите на лудиот човек.

Заменик шерифот го запрел возилото и кога побарал од возачот да излезе од автомобилот, тој го свртел пиштолот кон себе и си пукал во градите. Засега не постојат никакви докази за поврзаноста на овие пет жртви со убиецот.