Поранешниот тренер на италијанскиот калчо гигант Милан, Масимилиано Алегри, најверојатно до крајот на следната недела ќе биде именуван за нов менаџер на англискиот второлигаш Лидс Јунајтед.
Масимо Челино, кој до пред некој ден беше познат како сопственик на италијанскиот калчолигаш Калјари, во цетвртокот купи 75 отсто од акциите на англискиот второлигаш и со тоа стана нов сопственик на Лидс Јунајтед.
Соработката помеѓу Челино и Алегри постои од времето кога двајцата беа дел од Калјари и поради таа причина англиските медиуми веќе ја пласираа информацијата дека новиот сопственик на Лидс на поранешниот тренер на Милан, веќе му ја има понудено менаџерската функција.