Масивен океан откриен блиску до јадрото на Земјата

Резервоар со вода три пати колку волуменот на океанот беше откриен под површината на Земјата. Ова откритие може да даде објаснување за тоа од каде потекнуваат океаните.

Водата е скриена длабоко во прстен од сини карпи кој лежи 700 километри под мантијата на Земјата, слој од планетата помеѓу површината и нејзиното јадро, пренесе порталот „newscience.com“.

Огромната големина на резервоарот фрла ново светло на потеклото на водите на Земјата. Некои геолози веруваат дека водата потекнува од удар со комети, но новите откритија наведуваат наведуваат на тоа дека океаните постепено дошле од внатрешноста на Земјата.

„Тоа е добар доказ дека водата на Земјата доаѓа одвнатре“, рекол Стив Џекојбсон од Севернозападноиот Универзитет во Еванстон. „Оваа вода можеби ги поддржува океаните на површинатана Земјата, што може да дае објаснување за тоа зошто остануваат со еднаква големина со милиони години“.

Тмот користе 200 сеизмометри кои ги опсервирале сеизмичките бранови генерирани од повеќе од 500 замјотреси. Овие бранови се движат низ внатрешноста на Земјата, вклучителнои нејзиното јадро и се детектираат на површината.

Овие теории се поддржани и о една неодамнешна студија од Универзитетот од Алберта од Канада, која проучувала дијамант од транзитната зона кој бил донесен на површината преку вулкан и кој што содржел прстен со вода од споменатата зона, првиот цврст доказ дека постои вода во транзитната зона.