Маск ја напушта позицијата извршен директор на Twitter, нашол замена

Американскиот претприемач и еден од најбогатите луѓе на планетата Илон Маск објави во четвртокот дека во текот на шест седмици ќе ја напушти функцијата извршен директор на Twitter, и оти веќе е пронајден новиот кандидат за таа позиција.

„Среќен сум што можам да објавам дека најдов нов извршен директор на X/Twitter. Таа ќе започне со работа за околу шест месеци“, објави Маск на Twitter.

Додава дека самиот тој ќе ја презема позицијата извршен претседател и технички директор на истоимената компанија сопственик на популарната мрежа за микроблогирање.

Компанијата „Twitter Inc.“ е основана во 2006 година, а нејзиниот главен продукт е социјалната мрежа за размена на куси пораки. Есента 2022 година Маск конечно го затвори договорот за аквизиција во износ од 44 милијарди долари. Во април годинава беше објавено за преземањето на „Twitter Inc“ од „X Corp.“, чиешто седиште е во сојузната држава Невада.