Пет мртви во престрелка во локал во Турција

Пет лица се убиени а уште две други се ранети во престрелка во локал во посетениот приморски град Измир, објави во четвртокот вечерта весникот Hürriyet.

Трагедијата се одиграла во измирскиот кварт Мендерес, кога физичка пресметка меѓу две групи прераснала во престрелка во која дошло до губењето животи и предизвикала страв и паника меѓу жителите на областа.

Според прелиминарните сознанија, двете групи се конфронтирале поради меѓусебни долгови, се нашле во локалот каде требало да ги надминат недоразбирањата. Меѓутоа, разговорот меѓу двете групи прво прераснала во тепачка а набрзо и во престрелка.

Очевидци за весникот рекле дека гостите во локалот почнале панично да бегаат по истрелите од пиштоли, како и дека виделе седум тела како лежат на земја.

Се додава дека на местото на настанот биле испратени бројни полициски сили и екипи на итната медицинска помош. Полициски извори рекле дека можат само да потврдат дека е започната истрага на инцидентот.

Весникот ги идентификува жртвите, но не ја наведува нивната возраст, а за повредените се наведува дека е пренесени во болниците под полициско обезбедување.