Маск e повторно најбогат човек во светот, акциите на „Tesla“ пораснаа за 100 отсто

Според индексот на милијардериe на агенцијата Bloomberg News, челникот на производителот на електрични автомобили „Tesla“ и технолошката компанија „Twitter“,  Илон Маск се врати на врвот на листата на најбогати луѓе во светот, на која на крајот на 2022 година се наоѓаше претседателот и извршен директор на конгломератот за луксузни стоки „Moët Hennessy Louis Vuitton“ (LVMH), Бернар Арно.

Богатството на Маск сега изнесува 187,1 милијарди долари, надминувајќи го Бернард Арно, чие богатство се проценува на 185,3 милијарди долари, произлегува од иднексот Bloomberg кој во вистинскои време ги покажуваа состојбите на најбогатите луѓе на планетата.

Богатството на Маск на почетокот на оваа година изнесуваше 137 милијарди долари. Во меѓувреме, вредноста на акциите на компанијата „Tesla“ се зголеми за 100 отсто во однос на најниската вредност што овие акции ја имаа на 6-ти јануари, а тоа е доказ за оптимизмот на инвеститорите.

„Tesla“, меѓу другото, профитираше од поголемата побарувачка за електрични возила по намалувањето на цените на некои модели на автомобили.