Основачот на Тесла, богаташот Елон Маск, изјави дека Твитер секогаш ќе биде бесплатен за обичните корисници, но дека може да има промена во цените за комерцијалните и владините корисници.
– Твитер секогаш ќе биде бесплатен за обичните корисници, но може да има помала промена на цените за комерцијалните и владините корисници – изјави новиот сопственик на Твитер, Маск.
Твитер одби да го коментира ова прашање.
Маск почна да дава нови предлози за промени на Твитер уште минатиот месец.
Откако ја додаде оваа социјална мрежа на списокот на компании што ги поседува, Маск рече дека сака да ја подобри платформата со нови опции, да промени одредени алгоритми, да отфрли ботови и да го верификува сечиј налог.
Минатиот месец, пред да се постигне договорот за купување на Твитер, Маск предложи неколку измени на премиум претплатата услуга Твитер Блу, вклучително и намалување на цената.
Тој, исто така, во понеделникот рече дека ќе го направи транспарентен начинот на кој се промовираат или се деградираат одредени твитови што ќе го направи софтверот на Твитер достапен за јавноста.