Милијардерот и претприемач Илон Маск најавви дека сака да го промени логото на социјалната мрежа објавувајќии во твит „Наскоро ќе се збогуваме од брендот Twitter и, постепено, со сите птици“.
If a good enough X logo is posted tonight, we’ll make go live worldwide tomorrow
— Elon Musk (@elonmusk) July 23, 2023
Во објавата од 12,06 часот по средноверопско време кон неделата, сопственикот на мрежата за микроблогирање додаде „Доколку вечервва биде објавено доволно добро лого Х, утре ќе го објавиме ширум светот“ но не даде повеќе поединости.
If a good enough X logo is posted tonight, we’ll make go live worldwide tomorrow
— Elon Musk (@elonmusk) July 23, 2023
Маск објави слика со трепење на „Х“, а пооцна во аудо чет на Twitter Spaces одговори со „Да“ на прашање дали логото на Twitter ќе биде променето, додавајќи дека „тоа требаше да биде сторено одамна“.
— Elon Musk (@elonmusk) July 23, 2023
Во текот на бурниот период откако Маск го купи Twitter ланскиот октомври, компанијата го промени своето деловно име во „X Corp“, што ја одразува визијата на претприемачот да создаде „супер апликација“ слична на кинеската WeChat.
Од компанијата веднаш не одговориле на барање на Reuters за коментар.
Инаку на веб-страницата на Twitter се наведува дека нивното лого, коешто прикажува сина птичка, е „нашето најпрепознатливо богатство“. „Затоа сме толку заштитнички настроени кон тоа“, се додава.
Сината птичка во април беше привремено заменатра со сликата на кучето Шиба Ину на Dogecoin, што помогна да се зголеми пазарната вредност на мем-монетата.
Компанијата беше широко критикувана од корисниците и маркетиншките сручњаци кога Маск на почетокот од јули објави дека Twitter ќе го ограничи бројот на твитовите кои дневно може да се прочитаат на некои сметки.
Но дневното ограничување помогна во растот на ривалската платформа Threads во сопственсот на „Meta“, компанијата која ги поседува социјалните мрежи Fаcebook и Instagram, коај надмина 100 милиони регистрирани корисници во рок од пет дена од појавувањето.
По тоа следеше новата во низата контроверзии на Twitter со тужбата поднесена претходно седмицава во која се тврди дека компанијата им должи најмалку 500 милиони долари отпремнина на поранешните вработени. Откако Маск ја купи за 44 милијарди долари, комапнијата отпушти повеќе од половината од вработените, со цел да ги намали трошоците.