Маскерано не сака споредби со Рамбо

Иако неговите соиграчи и аргентинските медиуми го опишаа како Рамбо, централниот дефанзивец на Аргентина, Хавиер Маскерано пред стартот на финалниот натпревар изјави дека не се чуствува како култниот филмски лик.
“Благодарам за довербата и за комплиментите што ги добивам во последните денови, но да бидам искрен, јас не се чувствувам како Рамбо, како што ме опишуваат голем дел од сонародниците. Мое е да излезам на терен и да играм најдобро што знам, горд сум бидејќи помогнав да оствариме врвен резултат и се надевам на успех во финалето. Ова не е лажна скромност, мој став е дека лажната скромност е дури и полоша од ароганцијата, едноставно го кажувам она што го мислам“, изјави дефанзивецот на каталонскиот гигант Барселона.