Сршен и со солзи во очите, најголемиот борец во аргентинскиот дрес, Хавиер Маскерано по натпреварот изјави дека вечно ќе го памети несреќниот пораз во финалниот натпревар, дека истиот ќе биде лузна која никогаш нема да зарасне.
„Тешко е да се каже било што, стигнавме до ова финале, дадовме се од себе за да победиме, ги имавме и најубавите шанси на натпреварот, но сепак завршуваме со наведнати глави. Овој пораз ќе го паметиме цел живот, го гарантирам тоа, бидејќи бевме толку близу до титулата светски првак, а не успеавме да дојдеме до неа. Горд сум на себе и на своите соиграчи, но тоа е слаба утеха по еден ваков пораз”, изјави дефанзивецот на каталонскиот гигант Барселона.