Лам веќе го пецка фудбалскиот свет

Капитенот на Германија, Филип Лам, веднаш го пецна фудбалскиот свет со изјавата дека можеби Германија го нема најсилниот тим, но Германија е најдобра во целиот свет.

„Она што го направивме во последните дваесетина минути од финалето, во продолженијата, се натчовечки напори. Не знам дали бевме најсилната селекција на ова Светско првенство, но знам дека бевме подобри во ова финале со Аргентина и знам дека заслуживме да не нарекуваат најдобри во светот. Се искачивме на тронот, а тоа не беше нималку лесно. Уште од почетокот на подготовките за Светското првенство бевме максимално посветени, верувавме во успехот, не потклекнавме и во моментите кога ни беше тешко и сега доаѓа моментот кога знаеме дека сето тоа се исплатеше. Време е да се радуваме и ние и целиот германски народ. Го сторивме тоа за нас, но, верувајте, многу мислевме и на вас”, изјави офанзивниот десен бек.