Вооружени и маскирани разбојници украле околу 2.000 евра од казино во Велес.
Двајца маскирани и вооружени разбојници, синоќа, кратко пред полноќ го ограбиле казиното „Адмирал“ на улицата 8-септември во Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Разбојниците со огнено оружје им се заканиле на двете вработени и успеале да одземат околу 2.000 евра.
Со украдените пари тие избегале во непознат правец, полицијата работи на нивно пронаоѓање.