Маскирано лица вчера се обидело да влезе во домот на докторот Вело Марковски, но таму била неговата сопруга заедно со нивното малолетно дете, па не била причинета штета, а случајот бил пријавен и во полиција.
Се очекува наскоро МВР да излезе со детали за овој инцидент во домот на докторот Марковски кој од неодамна е член на највисокото партиско тело, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Полицијата предмалку информира дека вчера околу 21,20 часот во СВР Скопје В.М. пријавил дека на ул. „Мариовска“ додека неговата сопруга спиела во домот, влегло непознато лице и во моментот кога било забележано го напуштило местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.